Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во август 2019 година ја посети Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок и оствари средба со директорот д-р Исмаил Ваити и вработените. При посетата Министерот се информираше за активностите кои се спроведени во изминатиот период, со цел подобрување на здравствената заштита за сите граѓани.