ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза-Лешок е здравствена установа која пружа услуги на секундарно ниво на здравствена заштита на граѓаните на РСМ.
Болницата е изградена со финансиска помош на Владата на Норвешка, и отпочна со работа на 01.09.2007 година. Болницата располага со, амбуланта, стационар и административен дел.
Амбулантскиот дел е сместен во сутеренот на болницата и се состои од две интернистички амбуланти во кои се вршат прегледи и консултации со доктор. Во амбулантскиот дел се вршат функционални испитувања на бел дроб, ЕКГ, ехо, бактериолошки испитувања за туберкулоза, биохемиски анализи како и рентгендијагностика.
Стационарот се состои од два оддели. Одделот на туберкулоза е сместен во приземјето и комплетно одвоен од другиот простор со посебен влез. Располага со 5 постели. Одделот за неспецифични белодробни заболувања се наоѓа на спрат и располага со 40 постели. Во стационарниот дел се вршат функционални испитувања на белодробната функција, пулсна оксиметрија, инхалаторна терапија, ЕКГ, оксигенотерапија и сите други дијагностички процедури кои се наоѓаат во амбуланскиот дел.
Административниот дел е сместен во посебни простории и тесно соработува со останатите делови на болницата.