Добредојдовте

  • Albanian
  • македонски
  • English


  Контакт : 044 384 414

Местоположба

На десет километри од Тетово, во селото Лешок, во подножјето на Шар Планина на идеална надморска височина од 610 метри се наоѓа ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза – Лешок. Болницата припаѓа на подрачјето  на општина Теарце.

До болницата може да се пристигне од повеќе правци.Еден од нив е магистралниот пат Тетово – Јажинце по кој се обраќа редовен автобуски превоз. Од магистралниот пат до болницата нема организиран превоз поради што болните треба да се искачуваат пеш. Од магистралниот пат низ селото води асфалтиран пат  пристапен за секаков вид  транспортни возила. Од Тетово до болницата се обраќа   редовен приватен  комбе  и  такси превоз. Приодот од Скопје може да се скрати со вртење десно за с. Лешок  кај с. Желино.

Влегувајќи низ болничката порта , веднаш се прикажува прекрасна глетка кон целиот болнички  комплекс со убаво уреден болнички двор и патеки  како  и објектот на болницата.

Во непосредна близина на болницата се наоѓа Лешочкиот манастир кој е православен  манастирски комплекс,  најголем духовен центар во Тетовско.