Добредојдовте

  • Albanian
  • македонски
  • English


  Контакт : 044 384 414

За пациентите

ПОЧИТУВАНИ ПАЦИЕНТИ

Покрај правата кои ви се загарантирани со Законот за правата на пациентите, должни сте да  се придржувате на општите акти  на нашата здравствена установа  за условите на престој и однесувањето во неа  односно почитувањето на куќниот ред.

Почитувањето на куќниот ред е од исклучителна важност  поради организација на дневната работа во рамките на која се спроведуваат  дијагностички и тераписки процедури кои се составен дел на процесот на лекување.

Почитувањето на куќниот ред овозможува добра соработка меѓу вас и персоналот на болницата кој ве лекува и се грижи за вас.

Примерок од куќниот ред се наоѓа на огласната табла  на македонски и албански јазик. Со куќниот ред ве запознаваме  при приемот и бараме потврда со ваш потпис дека сте согласни со истиот. Доколку не можете да го прочитате или не го разбирате  обратете се до медицинската сестра од која ќе добиете  соодветно појаснување.

 

ПРАВА НА ПАЦИЕНТИТЕ

Пациентите имаат право на :

  • Достапност до здравствената заштита
  • Информираност
  • Слободен избор
  • Приватност и поверливост на информациите
  • Самоодлучување и приватност
  • Увид во медицинската документација
  • Тајност на податоците
  • Согласност за медицинска интервенција
  • Приговор
  • Надокнада на штета
  • Информирање на јавноста.

 

ПРИЕМ НА БОЛНИ

Потребата од  болничко лекување ја одредува докторот во амбулантата. Приемот се врши на шалтерот во амбулантата со пополнување на соодветна документација по што болниот се внесува  во болничката соба. Податоците за историјата на болеста на болниот  ги зема доктор  непосредно по приемот и  одредува  терапија. Должни сте на докторот да му ги презентирате сите ваши здравствени проблеми кои се релевантни за вашата здравствена состојба.

Секој болен кој ќе биде хоспитализиран треба  да носи со себе прибор за лична хигиена.

 

ПОСЕТА НА БОЛНИ

Посета на болни од семејството,пријателите и други лица е дозволена секој ден  од 14 до 16 часот. Не се препорачува во посета да се носат деца под 10 години.

За време на епидемиски инфекции ( пр. грип, Covid -19 ) посети не се дозволени. Информации за состојбата на болниот може да се добијат од докторите задолжени за нивно лекување.

ВИЗИТА НА БОЛНИ

Два пати во текот на денот се реализира редовна визита од страна на доктор, медицинска сестра и болничар.

Утринска визита : 10-11 чсот

Вечерна визита: 20-21 часот

Покрај редовните се реализираат и визити по потреба на барање на пациентот.

 

ВРЕМЕ ЗА ДЕЛЕЊЕ НА ОБРОЦИТЕ

Оброците на болните им се делат  во точно определени термини во болничките соби или во трпезаријата во зависност од здравствената состојба на болните и  во договор со одделенските сестри.

ПОЈАДОК: 08-09 часот

РУЧЕК:  12-13 часот

ВЕЧЕРА:18-19 часот

 

НАПУШТАЊЕ НА БОЛНИЧКИТЕ СОБИ

Доколку здравствената состојба ви дозволува може дел од времето во тек на денот да го поминете  во дворот на чист воздух со користење на патеките и клупите за одмор. Излегувањето од болничките соби ве молиме да го прилагодите  со куќниот ред. Задолжително да бидете присутни во  болничките соби за време на визитите, делењето на терапијата, реализирањето на иследувањата и оброците. Отсуството се смета за прекршување на куќниот ред.

Оддалечување надвор од болничкиот двор не е дозволено.

 

ХИГИЕНА НА ПРОСТОРОТ И ОПРЕМАТА

Хигиената во  болничките соби ја одржуваат хигиеничарите.

Опремата на собите ја сочинуваат кревети, маси, столици, шкафови и фрижидер клима уред и телевизор кој  им е достапен на болните за употреба во тек на целиот ден.

За исправноста инвентарот, фрижидерот, клима уредот и телевизорот и чистотата и уредноста на собата се грижите и вие. Секое намерно оштетување го надоместувате лично.

 

 

СЛЕДЕЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА ПАЦИЕНТИТЕ

Во ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза –Лешок се следи нивото на  задоволство на пациентите од пружените услуги. Цел ни е да  дознаеме:

  • со што сте задоволни и во колкава мерка,
  • што е причината на вашето незадоволство
  • што според ваше мислење треба да се подобри.
  • што очекувате од вработените
  • што цените кај нив и за што им замерувате
  • какво е вашето мислење за квалитетот на услугите кои ви се пружени
  • во која мера се исполнети вашите очекувања.

Своето задоволство, односно незадоволство како и предлозите за подобрување на состојбите во болницата можете да ги искажете писмено, така што напишаното ќе го внесете во кутијата за жалби и поплаки.

Пред заминување од болница во која ви е извршен амбулантски преглед и иследувања или сте  се лекувале болнички имате обврска да пополнете анонимен анкетен прашалник преку кој ќе ги искажете своите согледувања  за севкупната работа на болницата.

Вашите забелешки, коментари и предлози  се обработуваат и анализираат. Врз основа на извршената анализа се превземаат соодветни мерки за подобрување на задоволството на пациентите.

ВО БОЛНИЦАТА Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ

Ви благодариме на разбирањето!