- Откуп на дворното место, санирање на свлечиштето и уредување на дворот (патеки и одморалишта)
Во 2018 година со одобрени средства на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување купено е земјиштето под и околу објектот на болницата. На овој начин не само што е зголемена дворната површина, туку реализирано е санирањето на свлечиштето и изградба на пешачка патека околу болницата. Ова беше нужна измена за подобри услови за пациентите и здравствениот персонал. Пациентите првпат имаат можност за рехабилитација во дворот на болницата со долга патека поставена на повеќе нивоа по која може да одат на кратка прошетка, на чист воздух и да се одморат на изградените и уредени одморалишта. Извршено е и пошумување со зимзелени дрвја, обезбедени со сопствени средства .
ИНСТАЛИРАЊЕ НА АРГЕГАТ ЗА СТРУЈА
Во 2018 година завршено е инсталирањето на сопствен агрегат за струја, што е од огромно значење за установата.
- ИЗГРАДБА НА ЛИФТ
Во 2019 година реализиранa е изградба на лифт, со кој е решен проблемот за транспорт на пациенти.
- ПРОШИРУВАЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ
Во 2019 година проширен е и паркинг просторот пред болницата со што е овозможена полесна пристапност на пациентите.
- ДОНАЦИЈА НА СПИРОМЕТАР
Во 2019 година од семејството на пациент кој се лекувал во болницата во знак на благодарност дониран е спирометар и постелнина.
- НОВА ФАСАДА НА БОЛНИЦАТА
Во 2020 година Извршено е реновирање на болницата со нова фазада
- СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ
Преку донација, обезбеден е колектор и пречистувач на отпадните води кој во 2020 година е поврзан со одводот на отпадните води од болницата во делот од новопроширениот болнички двор.
- ХИДРОФОР
Во 2020 година реализиран е проект за инсталирање на хидрофор со што се подобри водоснабдувањето во објектот. Прекините во водоснабдувањето и обезбедувањето на непречен пристап на вода во сите делови на болницата се надминати.
- ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДВОРОТ
Дворот на болницата по проширувањето е хортикултурно уреден со тревници цвеќина, дрвја а поставени се и клупи и летниковци.