За Болницата во с. Лешок од нејзиното основање во 1946 година до денес напишани се неколку монографии, се спомнува во повеќе книги за с. Лешок и во дневниот печат по повод конкретни настани. Некои од нив се следните:
Во 1970 година д-р Димитар Соколовски како доктор во Болницата за туберкулоза во с. Лешок ја објавува монографијата насловена како ,,Проблем на туберкулозата во општина Тетово “ во која е опишана туберкулозата во општина Тетово и улогата на болницата во Лешок во справувањето со неа.
Во 1979 година Илија Петрушевски ја објавува монографијата ,,Лешек” во која зборува за почетоците со работа на Специјалната болница за туберкулоза и нејзиното значење за Лешок и околината.
Во 1996 година д-р Маја Закоска ја објавува монографијата,,50 години болница за градни болести и туберкулоза во с.Лешок.
Монографијата ,,Селото Лешок тетовско 1019-2003’’ од Илија Петрушевски-Ќапунка печатена 2004 година е дополнение на монографијата печатена 1980 година од истиот автор. Меѓу големиот број податоци за селото, луѓето и настанати се споменува и болницата за белодробни заболувања и туберкулоза.
Во 2007 година по повод отварањето на новата болница објавена е монографијата ,,Болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок некогаш и сега”.
Во 2010 година Бранислав Светозаревиќ и Маја Закоска ја објавуваат монографијата ,,Здравството во Тетово и тетовско во XIX и XX век во која дел е посветен и на болницата во Лешок.
Во 2019 година Balkanika објавува монографија Business direcrory of Nort Macedonia на англиски јазик во која свое место наоѓа и специјализираната болница од Лешок со директорот д-р Исмаил Ваити.