Добредојдовте

  • Albanian
  • македонски
  • English


  Контакт : 044 384 414

Новости

БОЛНИЦАТА ВО ЛЕШОК СТАНА КОВИД ЦЕНТАР

Поради  зголемениот број на болни од COVID-19 од октомври 2020 година болницата во Лешок стана Ковид центар за згрижување на средно тешки болни од туберкулоза на кои им е потребна кислородна подршка.

More

ПОЧИНА Д-Р ФЕМИ ДЕМИРИ

На  27.08.2020 година од последици на CODID-19 на Универзитетската Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина д-р Феми Демири. Иако не е меѓу нас споменот на него вечно ќе живее.

More

ВО БОЛНИЦАТА ВО ЛЕШОК ЌЕ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРААТ СИТЕ БОЛНИ ОД ТУБЕРКУЛОЗА ВО ДРЖАВАТА

Поради состојбата со Ковид-19 пандемијата и извршеното преструктуирање  на здравствените установи од страна на Министерството за здравство, ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни   заболувања и туберкулоза-Лешок  од почетокот на јули 2020 година  стана  центар за згрижување на сите болни од туберкулоза на кои им е потребно болничко лекување.

More
2-1

ПОСЕТА НА МИТРОПОЛИТОТ НА ТЕТОВСКО ГОСТИВАРСКАТА ЕПЕРХИЈА Г-ДИН ЈОСИФ

Меѓу Болницата за  белодробни болести и туберкулоза која е во непосредна близина на Манастирскиот комплекс Св Атанасиј  постои тесна соработка која се реализира преку формални и неформални средби на раководствата.

More
1

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Д-Р ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВО ПОСЕТА НА БОЛНИЦАТА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во август 2019 година  ја посети Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок и оствари средба со директорот д-р Исмаил Ваити и вработените. При посетата Министерот се информираше за активностите кои се спроведени во изминатиот период, со цел подобрување на здравствената заштита за сите граѓани.

 

More
Пречек пред Специјалната болница

Осмомартовски излет во Лешочкиот манастир

Навикнавме и веќе и отрпнавме жените својот меѓународен празник Осми март да го прославуваат во угостителски објекти, со песни, игри и веселба. Така се однесуваа и дел од жените од росоманското село Росоман. Но, годинава решија малку да го изменат ова и на празникот да му додадат и работен карактер. Разговараа за тоа, се договоараа и се роди идеја да се отиде во тетовското село Лешок. Таму да се посети гробот на македонскот просветител Кирил Пејчиновиќ, комплексот на Лешочкиот манастир и во него Специјална болница за белодробни заболувања и ТБЦ – Лешок ЈЗУ..
За оваа идеја направија консултации со градоначалникот на Росоман господинот Бранко Јанев. Не отидоа кај него за ”изим”, туку да го информитраат и побараат спонзорство за превоз до Лешок. И наидоа на целосно разбирање. Потоа, ползувајќи ги врските што ги имаа во Тетово, воспоставија контакт со тамошната невладина организација Српска заедница. Идејата им беше прифатена со воодушевување од Примислав Станојевиќ, петседател на Регионалниот одбор -Тетово на Српската заедница во Македонија.. Тој воспостави контакт со директорот на Специјалната болница доктор Исмаил Ваити. Ни тој не го криел своето водушевување што од далечната Паликура ќе дојдат жените за да ја посетат болницата и болните во неа.
Во селото беа направени подготовки и договорено во болницата ”да не се оди со празни раце”. Прифатена е и можноста да се руча во еден од рестораните во родното село на Кирил Пејчиновиќ – Теарце.
На списокот на ”патниците” се најдоа 17 имиња. Бројот беше лимитиран со седишта на обезбеденото комби од страна на градоначалникот Јанев. Велиме лимитиран, зашто имаше заинтересирани жени и од Росоман и од селото Сирково.
Во сабота, на 3 март, по двочасовно возење од Паликура во која снегот е редок гостин жените се најдоа во со снегот покривен Лешок. Најпрвин во манастирската црква запалија свеќи.Потоа го посетија гробот на Кирил Пејчиновиќ на кого Душица Томоска ги запознала со ликот и делото на овој македонски просветител со прекарот ”Тетоец”. Палакуките не криеја дека многу нешта од слушнатото не ги знаеле и дека повеќе од нив првпат дошле во тетовскиот крај.
Домаќините од Српската заедница ги придружуваа до Специјалната болница, донација на норвешката влада. По враќањето во селото жените не го криеја своето водушевување од односот на директорот Ваити и персоналот, како и пречекот со ”шведска маса”. Ни Паликурките не беа скржави. Донесоа јужно овошје, освежителни пијалаци, месените солени и слатки работи. Но колку ова и да се памети не се забораваат контактите со персоналот и отворениот повик на докторот Исмаил Ваити во секое време, доколку имаат потреба, да дојдат во болница опремена со најсовремени апарати на преглед, а доколку затреба и престој.
По посетата на манастирскиот комплекс Паликурките во ресторанот ”Цуцла” во селото Теарце отидоа на договорен ручок. Тука се најдоа хармоника и тарабука од КУД ” Свети Сава’ . Одекнаа песните и се заиграа ората. И се разбира, никому не му се враќаше во Паликура. Но, кога дружбата привршуваше и жените почнаа да вадат пари за да го платат јадењето од Српската заедница им беше ”соопштено” – ”вашите пари овде не врват, вие сте наши гостинки” . Во Паликура и тоа не се заборава. Затоа веќе сега се размислува како ќе се одговори на најавената возвратна посета на новосоздадени пријатели. На гостопримство да се одговори со гостопримство!

Лилјана Колеска

More
foto2

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА БОЛНИЦАТА ВО 2007 ГОДИНА

Свеченото отворање на болницата со одржа на 20.10.2007 година. На свеченоста по тој повод присуствуваа Министерот за здравство д-р Имер Селмани, митрополитот на полошко кумановската епархија господин  Кирил , директорот на болницата д-р Верица Тофиловска, и амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија г-динот Карл Виби покрај големиот број присатни здравствени работници,пријатели на болницата.

Болницата е изградена  и опремена од NORWAG Aid Commitee со донација на Владата на Кралството Норвешка.

More