Добредојдовте

  • Albanian
  • македонски
  • English


  Контакт : 044 384 414

Историјат

Специјалната болница во с.лешок спроведува  болничка здравствена дејност и специјалистичко – консултативна здравствена дејност од областа на заболувањата на респираторниот систем како и белодробна и вонбелодробна туберкулоза. Болницата своите зачетоци ги направила уште 1946 година  и до денес опстојувала  под различни називи

Земски  санаториум – Лешок

На 21 јуни 1946 година Министерството за народно здравје на НР Македонија, во еден од конаците на манастрискиот комплекс “Св. Атанасиј” во с. Лешок – Тетовско, го основал таканаречениот  Земскиот санаториум со капацитет од 70 кревети.

Почетоците на работата на санаториумот се тесно врзани со името на примариус д-р Климентие Милошевиќ, фтизиолог, дотогашен лекар на Кралскиот двор во Белград, по потекло од Охрид. Поради недостиг од кадри во тогашна Република Македонија, по барање на Министерството за народно здравје, д-р Милошевиќ е испратен во Македонија.Примариус д-р Климентие Милошевиќ како  прв управител на Земскиот санаториум ја организирал работата  во извонредно тешки услови но сепак со макотрпната работа  успешно излекувал пациенти од цела Македонија , соседна Србија но и  од другите републики. Манастирските конаци станувале се потесни за да можат просторно да одговорат на нараснатите потреби од се поголемиот прилив на болни. Од тие причини т во јужниот дел на манастирскиот комплекс во 1951 год., бил изграден нов објект како  современо уредена болница со капацитет од 100 постели .

Специјална болница за туберкулоза – Лешок

Непосредно по преместувањето во новиот објект,  Земскиот санаториум се преименувал во Специјална болница за туберкулоза која функцуионирала  под раководство и надзор на Министерството за здравје на НРМ.

Во 1951 година новиот наменски граден објект е вселен но неговиот капацитет не ги задоволувал потребите за лекување на  болните од туберкулоза. Поради тоа биле монтирани лимени бараки во дворот на болницата со што капацитетот се зголемил  на 120 постели.

Со решение на Владата на НРМ од 01.07.1953 година Болницата за туберкулоза минала под раководство и надзор на НО на Тетовската околија се до 31.12.1954 година..

По заминувањето на Прим Д-р Климентие МилошевиЌ болницата  во Лешок останала без фтизиолог. Републичкиот совет за народно здравје на НРМ со ново решение на Владата ја зел Специјалната  болница за туберкулоза под свој надзор се до 30 јуни 1958 година и во истата го обезбедувал лекарскот кадар. Така во периодот од 1953 до 01.05.1958 година во Специјалната болница за туберкулоза во с. Лешок работеле повеЌе лекари на одредено време и тоа:   Д-р Љ. Котевски,  Д-р Т. Пожаренков, Д-р К.Минчев, Д-р Т.Лазов, Д-р Р. НановиЌ, Д-р Ѓ.Карагоцев, Д-р Б. Ципушев, Д-р З.Захариевски, Д-р И. Трпенов  и Д-р С. Зојчева. За време на престојот во Болницата  секој од лекарите бил назначуван за Управител и покрај со лекување  на болните  бил принуден да ги решава сите административни, материјално-финансиски и  организациони проблеми на установата.

Болница за градни болести и туберкулоза – Тетово

Во 70-тите години  започнала  трансформација на фтизиолошката во пневмофтизиолошка  дејност. Оваа промена е следена со промена на програмата на специјализација како и со нова ориентација во работата  на дотогашните антитуберкулозни диспанзери и специјални болници за туберкулоза.

На 05.11.1979 година Специјалната болница за туберкулоза се пререгистрирала  како  Болница за градни болести и туберкулоза ,,Тетово,, во с.Лешок  со што и се проширила  дејноста. Бројот на лекувани болни од неспецифични белодробни заболувања бил се поголем.

Работата на Болницата  се одвивал  на задоволително ниво со  тенденција на зголемување на бројот и видот на здравствени услуги кои ги овозможувал , но голема  пречка во развојот било тоа што работата се одвивала во   веќе руинираниот објект  кој  покрај тоа  бил и дислоциран  од административниот центар.

Во тоа време болницата овозможувала  болничка и специјалистичко консултативна  здравствена заштита на болните од белодробна туберкулоза и други белодробни заболувања. За својата дејност Болницата располагала со 1530 м2 вкупна површина. Во зиданиот болнички објект биле  сместени: специјалистичко консултативна амбуланта, одделот за спирометрија, ЕКГ, лабораторија, бронхолошки оддел, машко и женско одделение додека во монтажните бараки беа сместени рентгенот и одделот за физикална терапија.

Од 1982 год. па се до нејзината интеграција со МедицинскицентарТетово , ДиректорнаБолницата бил Д-р Спасо  Крстевски., кој дал особен придонес во афирмацијата и развојот на болницата и ги отворил вратите на неколку млади лекари. Во 1983 годинасе во болницата  се вработил  Д-р Џевдет Беџети кој по завршената специјализација по интерна медицинаја напушта Болницата. Во 1986 година севработувил  Д-р Стојадин Наумовски  кај за неполни две години јанапуштил Болницата и заминал  во САД.

Во 1988 година , со цел да се овозможи зголемување на капацитетот  и квалитетот на болницата  соодветно на евидентните потреби, во болницата биле примени   Д-р Маја Закоска , Д-р ИсмаилВаити и Д-р ЕлизабетаТрајковска.

На референдумот спроведен на 12.01.1990 , болницата била интегрирана  со  ЈЗО Медицински центар Тетово , по што Болницата продолжила да функционира како дислоцирано одделениеодносно РЕ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА И ТУБЕРКУЛОЗА  ВО СОСТАВ НА  ЈЗО МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР ТЕТОВО

Во ова време на работа во Болницата беа : Д-р Ѓорче Јовановски,Д-р Спасо Крстевски, Д-р Џевдет Беџети, Д-р Маја Закоска, Д-р Исмаил Ваити и Д-р Елизабета Трајковска.

 

Во период  од 1992-1995 година Д-р Ѓорче Јовановски бил директор на ЈЗО Медицински центарТетово а Д-р Спасо Крстевски и Д-р Феми Демири негови помошници.

Во Болницата во с. Лешок останале   Д-р Маја Закоска како специјалист пневмофтизиолог и Д-р Исмаил Ваити , како лекар на специјализација.

 

ПРЕСТАНОК  НА РАБОТА НА БОЛНИЦАТА ВО ЛЕШОК

На 24 јули 2001 година Болницата, престанала со работа заради влошената безбедносна состојба со воен конфликт , но персоналот продолжил со вршење амбулантски прегледи се  до 23 07.2001 година, кога ја напуштил болницата непосредно пред протерувањето на населението од с. Лешок.

Објектот на Болницата во с. Лешок во повеќе наврати бил  демолиран, оштетуван а инвентар отограбуван со што остатоците од болницата останале наполно руинирани , уништени  и енеподобни за работа.

ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и ТБЦ – Лешок

Денес болницатавоЛешок е реалност

 

Д-р Исмаил Ваити  како  помошен  директор  на Медицински центар Тетово од 2002 до 2006  вложил  значителен напор за повторно обновување на   болница  во Лешок и нејзино повторно  одделување во посебен правен субјект. Во корелација на  Владите  на РМ и Норвешка е изградена нова болница.Таа е самостоен правен субјект регистриран како: ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза.

 

Новиот објект на болницата е изграден во близина на стариот, северозападно од манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј“, со површина од 1.380 м2.

Сегашниот објект на болницата   е завршен 2006 година а предаден е во употреба во јули 2007 година и до тогаш Директор на болницата беше Др Исмаил Ваити.

Болницата отпочна со работа  на 01.09.2007 година. и за нов  ВД Директор е назначена Др Верица Тофиловска.Болницата работи само со двајца доктори специјалисти Д-р Исмаил Ваити и Д-р Феми Демири  Новиот објект е изграден  со современо опремени  болнички соби, амбуланти, и други помошни простории кои  претставувале предизвик и поттик за нов успешен почеток.Денес  болницата располагасо 45 кревети од кои 40 за неспецифични заболувања и 5 за туберкулоза. Во болницата работи специјалистичко-консултативна амбуланта. Од дијагностички методи се користат: РТГ пулмо, Спирометрија, ЕКГ, ЕХО и Лабораторија.

Од 04.08.2016 за нов Директор на болницата е назначен Др Исмаил Ваити.

Со  неговото доаѓање  Директорот пристапи кон реализирање на повеќе  проекти  со цел да се овозможи поголема адаптација кон потребите на болнитеи  современите  текови во здравстото. Изграден  е   лифт и лифтовско окно   со што се олесни внатрешниот транспорт на пациентитеи а со тоа се овозможи значително подобра  достапност на болницата воопшто.

Купено е земјиште до болницата со што се зголемува површината на дворното место на болницата , со цел со негово оплеменување и изградба , да се создадат подобри услови за лечење и рехабилитација на пациентите .

Заложбата на директорот  за задоволување на квантитативните и кваллитативни потреби од овозможување  на специјалистичка помош во лекување на пациентите  допринесе за вработување на  уште двајца доктори  Др Џевдет Беџети специјалист по интерна медицина и Др Никица Панова специјалист по радиодијагностика.

Денес болницата овозможува вршење на квалитени здравствени услуги во невообичаено пријатен амбиент  и притоа секојдневно се стреми кон зачувување на докажаната  низ годините успешност и растење на бројот на задоволни излекувани пациенти. Сосема оправдано болницата ја краси  препознатлив имиџ на современа болница  која ги задоволува сите стандарди на модерна и функционална болница  за успешно лечење на болни со белодробни заболувања.