Поради зголемениот број на болни од COVID-19 од октомври 2020 година болницата во Лешок стана Ковид центар за згрижување на средно тешки болни од туберкулоза на кои им е потребна кислородна подршка.
Поради зголемениот број на болни од COVID-19 од октомври 2020 година болницата во Лешок стана Ковид центар за згрижување на средно тешки болни од туберкулоза на кои им е потребна кислородна подршка.
На 27.08.2020 година од последици на CODID-19 на Универзитетската Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина д-р Феми Демири. Иако не е меѓу нас споменот на него вечно ќе живее.
Поради состојбата со Ковид-19 пандемијата и извршеното преструктуирање на здравствените установи од страна на Министерството за здравство, ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза-Лешок од почетокот на јули 2020 година стана центар за згрижување на сите болни од туберкулоза на кои им е потребно болничко лекување.
Меѓу Болницата за белодробни болести и туберкулоза која е во непосредна близина на Манастирскиот комплекс Св Атанасиј постои тесна соработка која се реализира преку формални и неформални средби на раководствата.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во август 2019 година ја посети Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок и оствари средба со директорот д-р Исмаил Ваити и вработените. При посетата Министерот се информираше за активностите кои се спроведени во изминатиот период, со цел подобрување на здравствената заштита за сите граѓани.
На 22.12.2017 година во ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза во с.Лешок се одржa Годишен состанок на Здружението на пневмофтизиолози на Република Македонија со следниот дневен ред:
Во организација на Здружението на пневмофтизиолози на Република Македонија беше организирана работилницата насловена како Контрола на Хроничната обструктивна белодробна болест и астмата на 23.05.2012 во ресторанот на Манастирскиот комплекс СВ Атанасиј во с. Лешок.
Свеченото отворање на болницата со одржа на 20.10.2007 година. На свеченоста по тој повод присуствуваа Министерот за здравство д-р Имер Селмани, митрополитот на полошко кумановската епархија господин Кирил , директорот на болницата д-р Верица Тофиловска, и амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија г-динот Карл Виби покрај големиот број присатни здравствени работници,пријатели на болницата.
Болницата е изградена и опремена од NORWAG Aid Commitee со донација на Владата на Кралството Норвешка.